Новинарите на „15min.lt“ – литванска информативна агенција, обелоденија видео од обид за измама од страна на Азербејџан за да се освои првото место на Евровизија. Агенцијата успела да ја сними средбата на двајца мажи кои зборуваат руски и кои нудат пари на Литванци за нивните гласови да одат во корист на Азербејџан.
Според написот, утрото пред големото финале група студенти во редакцијата пријавиле дека двајца мажи им нудат по 20 евра доколку прифатат да гласаат повеќе пати за Азербејџан. Редакцијата пратила своја екипа да се сретнат со двајцата агенти кои „регрутираат“ гласачи за Азербејџан. Вооружени со скриени камери и микрофони, новинарите се претставиле како студенти.
Во само 10 минути, агентите ја откриваат целата „операција“. Дури и додаваат дека истата шема се користи и во други држави. Целта била да се регрутираат групи од десетина луѓе за да гласаат за Азербејџан. Ним им се обезбедени мобилни телефонски картички со кои во време од 15 минути гласаат што е можно повеќе пати. Потоа во разговорот велат дека веќе има 8 до 10 групи во Литванија. На секоја група има по еден надзорник кој треба да ја провери работата пред исплата. Тогаш азербеџанскиот агент вади снопче со пари, велејќи дека плаќа во готово.
Истата шема функционирала во 15 држави бидејќи победата чини милиони, додаваат агентите. За потсетување, Азербејџан доби 12 поени од Литванија, Австрија, Бугарија, Грузија, Грција, Ирска, Малта, Црна Гора и Русија, додека од Белорусија, Романија и Украина доби по 10 поени. Тука се и 3 осмици, 4 седмици и други пониски оценки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)