| четврток, 6 декември 2018 |

Синот повикува на помош, сѐ уште го бара таткото Драган

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 59-годишниот Драган Цветковски од Куманово кој беше пријавен за исчезнат на 19 декември годинава во полциската станица во Куманово, соопштија вчера од МВР.

Група граѓани од Куманово, иницирани од семејството на Цветковски, од населбата Гоце Делчев се вклучија во потрагата по Цветковски, кој има здравствени проблеми.

Последен пат Цветковски се оддалечил од неговиот дом од населбата Гоце Делчев на 19 декември во 13.00 часот кога тргнал на прошетка од домот по што, како што објаснија, граѓани им се јавиле и им кажале дека е виден на улицата „Лесковачка“, а потоа и градскиот кеј, но и на други локации во Куманово.

– Населбата Гоце Делчев веќе е пребарана изминативе денови, човекот е висок и боледува од Алцхајмер, граѓаните можат да нѐ информираат. Има фотографии на социјални мрежи, по медиумите – рече член на семејството Цветковски.

Цветковски последно бил облечен во сивомаслинеста јакна, кафени панталони и црни чизми. Сите кои имаат какви било информации за исчезнатиот кумановец може да се обратат во полиција.

За каква било информација побарајте го семејтвото на 077 555 – 300 и 071 559 – 608

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top