Вчера наутро во Куманово, еден маж тепал друг со метална шипка, додека овој седел пред слаткарница. Имено, околу 7.30 часот во Куманово на ул.„11-ти Октомври“ бб, додека А.И.(48) од село Слупчане, со лицето Ф.Ј., седеле во слаткарницата „Романтика“, дошле Ф.Х.(46), Ф.С.(48) и Ф.З.(51) сите од село Черкези, и поради претходна нетрпеливост најпрвин Ф.З. го испрскал А.И со спреј во очите, а потоа Ф.С. со метална прачка го удрил во пределот на главата и телото, по што успеал да избега.
А.И. со возило на брза помош е однесен во Ургентниот центар-Куманово каде му се констатирани телесни повреди (нагмечување-хематом и расекотини на главата) и е задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.