Белгискиот интернационалец Тибо Куртоа ќе го напушти Челси по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди „Марка“. Шпанскиот весник е одлично информиран околу случувањата во „кралскиот клуб“, па затоа оваа вест треба да се прифати со голема доза на сигурност, посебно и затоа што самиот чувар на мрежата на Челси веќе ги известил дел од своите најдобри пријатели на „Стемфорд бриџ“ дека на лето ќе се врати во Шпанија.
Реал Мадрид имаше обид да го купи Давид Де Хеа минатото лето, но трансферот пропадна затоа што документите не беа доставени до канцеларијата на Примера до самиот истек на преодниот рок. По ова, Кејлор Навас остана меѓу „кралевите“, а и Де Хеа потпиша нов договор со Манчестер јунајтед.
Тибо Куртоа пред да пристигне во Челси го бранеше голот на Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.