| четврток, 6 декември 2018 |

Два дена беа потребни да се продадат 50.000 билети за боксерскиот спектакл Кличко – Џошуа

klicko-i-djosua

За само два дена продадени се повеќе од 50.000 билети за бокс спектаклот помеѓу Џошуа и Кличко.

ИБФ шампионoт Џошуа на „Вембли“ ќе биде предизвикан од Украинцот, Кличко на 29 април, а во игра ќе биде и ИБО појасот. Цените на билетите се движеше од 40 до 2.000 фунти, а скоро сите се продадени на интернет.

Следниот круг на продажба на билетите е во јануари, кога ќе бидат продадени уште 20.000 билети. За овој настан воопшто нема да се пуштат билети во официјална продажба на билетарниците ширум Велика Британија.

Се предвидува дека борбата Џошуа – Кличко ќе биде најскапа и најгледана бокс борба за следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top