Мартина е канадска уметница која на Инстаграм го користи прекарот enchanted.forest, а ја следат повеќе од 400 илјади следбеници. Главно споделува пејзажи и автопортрети кои наликуваат на визии од соништата, сѐ додека еден ден не постави селфи со хаски, кое успеа да собере преку 40.000 допаѓања.
Во што е штосот гледате и самите – хаскито и Мартина имаат хетерохромија, пореметување предизвикано од недостиг на меланин, кој се манифестира со различна боја на очите (има и Мила Кунис, а имаше и Дејвид Боуви).
Dreaming of those warm summer days 🌞✨💕
A photo posted by ✧☽ Marti ☾✧ (@enchanted.forest) on
Во време кога со сите сили се обидуваме да ја славиме различноста и да покажеме дека она што некогаш се сметало за ѓаволска изопаченост – всушност е преубаво, оваа фотографија е добредојдена. Сепак, не останаа имуни и хетерите и тоа затоа што се покажало дека Мартина нема навистина хетерохромија, а се најдоа грижливци да ги бранат правата на оние кои навистин го имаат ова пореметување.
За среќа, поголем број се оние кои ја сфаќаат поентата – различноста не е грев и не треба да се казнува и отфрла.
A photo posted by ✧☽ Marti ☾✧ (@enchanted.forest) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


