Со три гола во второто полувреме, првиот дело на Евер Банега, по што Мауро Икарди додаде два, Интер дојде до убедлива победа од 3-0 на „Џузепе Меаца“ во вечерашниот дуел против Лацио.
Во 54. минута, Банега ја одзеде топката од Милинковиќ-Савиќ од 20 метри погоди во горниот агол за водство на Интер од 1-0. Само две минути подоцна, Икарди ја удвои предноста на „нераѕури“, а истиот играч го постави конечниот резултат во 65. минута.
Ова беше прв меч од 18. коло на Серија А, по кој Лацио остана на четвртото место со 34 бода, осум помалку од лидерот Јувентус, додека Интер, исто така, остана на седмото место, но со 30 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.