| четврток, 6 декември 2018 |

Србин во Германија изнајмил соба на убиецот кој прегази 12 луѓе?

Германската полиција се сомнева дека Бобан С.(36), Србин од Германија е поврзан со терористичкиот напад на берлинскиот саем. Во почетокот на ноември медиумите пренеле дека службите и полицијата долго во фокус имаат човек со српски, но и германски пасош од Дортмунд.
Два тима полиција конечно го уапсиле  на 8 ноември во големата акција против помагачите на Исламската држава во Германија.

%d0%b1%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bd

Бобан С. заедно со уште четворица уапсени исламисти, врбувал млади муслимани и им помагал да стигнат во Сирија или Ирак од каде се придружувале на џихадистите.Српскиот државјанин бил задолжен новите регрути да учат арапски ајзик и радикални исламски норми.
Полицијата се сомнева дека тој бил поврзан и со човекот кој со камион згази 12 луѓе во Берлин, кој наводно преноќувал кај Бобан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top