| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантна снимка од падот на Боингот: Едвај полета, ја сруши оградата и падна за пола минута

 

Петмина членови на екипажот на товарен авион на компанијата „Аеросукре“ загинаа, а едно лице е тешко повредено откако вчера се урна летало во источниот дел на Колумбија. Авионот „боинг 727“, кој летал на линијата Пуерто Карено – Богота, се урнал многу кратко по полетувањето.

На фотографиите и видео записот од местото на несреќата се гледа дека по падот авионот се запалил, јави ТАСС. Причината за несреќата сè уште не е позната.

На интернет се појави видео од страшниот момент од уривањето на  авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top