Романската телевизија „Реалитатја“ како неочекувана ја оцени номинацијата на 52-годишната Севил Шајдех за функцијата премиер на Романија.
Доколку тоа и се случи, за првпат во својата историја Романија ќе добие жена премиер и тоа муслиманка.
Севил Шајдех во 2015 година беше министер за регионален развој. Пред тоа, приближно две децении, таа работела во окружната администрација на црноморскиот град Констанца.
Севил Шајдех е омажена за сириски државјанин, додава телевизијата „Реалитатја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.