Организаторите на првиот грен-слем во следната сезона Отвореното првенство на Австралија соопштија рано утринава дека е зголемен вкупниот награден фонд на неверојатни 50 милиони долари.
Тие соопштија дека се работи за зголемување од дури 14 проценти во однос на претходната година, а наградите во машка и женска конкуренција се изедначени. Тоа значи дека победниците во двете конкуренции ќе заработат по 3,7 милиони долари или нешто повеќе од 2,5 милиони евра.
Зголемувањето на наградниот фонд посебно ќе се одрази и ќе го почуствуваат „помалите“ тенисери бидејќи средставатa што се одвојат за учесниците во квалификациите ќе бидат згоемени за 39 проценти.
Наградниот фонд е троструко зголемен во последните 15 години бидејќи во 2001 година изнесувал 13,9 милиони долари. Само во последните две години е зголемен наградниот фонд за 10 проценти на радост на сите учесници.
Титулите во машка и женска конкуренција ги бранат Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер.
Првиот грен-слем во новата сезона стартува на 16.јануари, а финалето во машка конкуренција е предвидено да се одигра на 29 истиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.