Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити во поновата историја, играчот од Брегот на слоновата коска Јаја Туре до пред неколку недели беше во немилост на новиот менаџер Пеп Гвардиола и самиот фудбалер изјавуваше дека на крајот од сезоната со сигурност ќе ги напушти „граѓаните“.
Според пишувањата на „Дејли Мејл“ сега ситуацијата е сосема обратна и фудбалерот на кого договорот со Сити му истекува на крајот од сезоната би прифатил да остане во клубот и за помала плата доколку му биде понуден нов договор. Јаја Туре сега заработува по 230.000 фунти неделно, но тој сака да испише историјата со сегашниот клуб.
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ќе мора во иднина да му дава повеќе шанса за настап на Туре бидејќи екипата победи на сите пет натпревари на кои фудбалерот бил стартер, а по повредата на Илкај Гундоган кој ќе отсуствува до крајот на сезоната, токму Туре е идеалниот фудбалер на истата позиција во тимот.
– Кога потпишав за Манчестер Сити дојдов да испишам историја со овој клуб. Желбата ми е мојот клуб да биде „поголем“ од градскиот ривал јунајтед. Знам дека е потребно многу работа, но тоа е мојот сон – изјави Јаја Туре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.