Аргентинскиот тенисер и најзаслужниот за Дејвис Куп титулата на својата земја, Хуан Мартин дел Потро потврди дека веројатно нема да настапи на Отвореното првенство на Австралија. Делпо ќе одигра два егзибициски меча против Давид Ферен на 27 и 28 декември во Мар дел Плата, но не е подготвен да ги издржи напорите на мечевите на крајот од јануари.
– Има уште неколку недели и тешко е дека физички ќе бидам подготвен за Грен слем. Ако тенисот ме чекаше две години, тогаш Австралија може да ме почека уште една – рече за аргентинските медиуми Дел Потро.
Тој веројатно нема да настапи ниту на мечот од првото коло во Дејвис купот против Италија на почетокот на февруари, а пролетната турнеја на земја би требало да ја започне со Мастерсот во Монте Карло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.