| четврток, 6 декември 2018 |

Со температура од минус 11 дојде зимата во Македонија

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне денеска во 11 часот и 44 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени.

Зимата ќе трае до 20 март кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната хемисфера есента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top