Фудбалерите на Борусија Дортмунд уште еднаш ги разочараа своите верни навивачи играјќи само 1-1 на домашен терен против Аугсбург, со што „милионерите“ уште повеќе си ја искомпликуваа трката за највисок пласман. Очајното прво полувреме на „црно-жолтите“ заврши со предност на Аугсбург, за Дембеле на самиот старт од вториот дел да израмни на 1-1. Обамејанг, Шурле, Кагава и Дембеле сите имаа шанси за целосен пресврт, но резултатот остана 1-1, по што „милионерите“ сега заостануваат дури девет бода зад Лајпциг и Баерн, кои утре во меѓусебен дуел го играат својот натпревар од ова 16. коло.
Покрај Лајпциг, најпријатно изненадување во Бундес-лигата сезонава е Ајнтрахт. Тимот предводен од Нико Ковач лани преку бараж го обезбеди опстанокот, но во моментов се наоѓа на одличното трето место на табелата по вечерашниот триумф над Мајнц од 3-0. Хргота беше херојот на Ајнтрахт на оваа средба со два погодоци, еднаш прецизен беше Баркок, но мора да се истакне дека гостите 35 минути играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Кордоба.
Резултати Бундес лига:
Хамбургер – Шалке 2-1, Борусија М. – Волфсбург 1-2, Борусија Д. – Аугсбург 1-1, Ајнтрахт – Мајнц 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)