13-годишната Мина Блажев од Скопје со освоени пет гласа од стручното жири се пласира директно во четвртиот круг на музичката емисија „Ѕвездичките на Пинк“. По двете странски песни кои ги испеа во првите два круга, младата пејачка овој пат се одлучи за македонска песна од една од нашите најпопуларни пејачки. Таа ја отпеа емотивната „Бегај, бегај“ од Каролина Гочева, а нејзината изведба ја воодушеви и публиката и жирито.
„Како што почнавме, така и завршивме. Ова беше толку свечено и величенствено. Многу си музикална, емотивна, сè ми се допадна“, искоментира Јелена Томашевиќ, на што се надоврза времениот член во жирито, Милан Станковиќ, велејќи: „Вие од Македонија сте опасни пејачи. Секоја сезона некој растура во ѕвездичкиве. Прво беше Трајче, потоа Мартија, сега ти. Се препуштив на милите звуци и уживав во изведбата.“
За Гоца непотребно беше да се коментира такво беспрекорно пеење кое звучи совршено. Таа не можеше да ја скрие радоста од интерпретацијата на Македонката која пееше на македонски, па затоа гордо ѝ се заблагодари што им го пружи тоа уживање, а како изгледаше и звучеше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


