| четврток, 6 декември 2018 |

Нова тревога: Евакуирана главната железничка станица во Келн

Вечерва по 18 часот и 30 минути германските полиција презеде операција за итна евакуација на главната железничка станица во Келн, од каде што се евакуирани сите патници и вработени, јави дописникот на МИА од Берлин.

Евакуацијата се спроведува откако полицијата добила телефонска закана за поставена бомба на една од најфрекфентните железнички станици во Германија.

Според германските медиуми, во прекин е сообраќајот преку оваа станица, а има прекини и во другиот вид на сообраќај во Келн.

Лани за нова година во Келн се случија стотина сексуални напади и грабежи врз жени, кои минуваа преку главната железничка станица. Речиси сите идентификувани напаѓачи беа мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top