| четврток, 6 декември 2018 |

Неизлечива болест: Мачја сида разорува во регионот

Први симптоми на мачјата сида се нагло губење на тежината, зголемени лимфни јазли, воспаление на непцата и усната шуплина. Некои мачки и здивуваат, зашто вирусот може да влијае и на мозокот

crna-macka-prokletstvo-bacanje-kletve-620x350

Ветеринарите во Сараево се почесто дијагностицираат ФИВ – мачја сида, вирусна билест кај мачките која е проедизвикана од мачја имуносуфициенција која припаѓа во истата ретровирусна група како и ХИВ, кој предизвикува сида. Според се уште непотполни податоци, во текот на оваа година евидентирани се 300 случаи, најмногу во Добриње и Алипашино Поље.

Се третира со т.н. помошна терапија, но не се лекува.

macka-zima-sneg-vremenska-prognoza

ФИВ ги инфицира клетките на инуниот систем, белите крвни зрнца, главно лимфоцитите, што доведува до постепено опаѓање на функциите на имуниот систем. Првите недели по инфекцијата вирусот се размножува и може да предизвика благи симптоми на болеста – грозница и отоци на лимфните јазли. Обично овие симтоми се толку благи што поминуваат незабележано. асиленото размножување на болеста се случува 2-5 години по инфекцијата, што доведува до прогресивно оштетување на имуниот систем.

macka

Кога мачката е заразена со ФИВ, инфекцијата е трајна – вирусот не може да се елиминира и е присутен во плунката на мачката.

Најчесто се пренесува од мачка на мачка преку угриз. Вирусот не може долго да преживее надвор од телото на мачката и лесно се убива со обични средства за дезинфекција. МНогу често се шири и преку неагресивен контакт меѓу мачки, на пример меѓусебно чистење, од мајка на мачиња или преку трансфузија на крв.

ФИВ е строго специфичен за мачки и не постои можност да се пренесе на луѓе, смируваат ветеринарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top