Утре привремено ќе немаат струја дел од корисниците во општините Аеродорм, Карпош и Кисела Вода, а времен прекин на водоснабдување делови од општините Центар и Чаир, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Поради технички зафати во електро мрежата утре од 08:30 до 11 часот ќе немаат корисниците од дел од ул. „Илија Димовски – Гоце“, во општина Аеродром, од 9 до 15 часот, дел од ул. „Московска“ околу бр. 115. во општина Карпош, како и корисниците од ул. „Огњан Прица“ од бр. 1 до бр. 33, во општина Кисела Вода.
Според РЦУК, поради отстранување дефект на два затворача на водоводна мрежа на ул.„Мирослав Крлежа“ крстосница со „Орце Николов„, од 8 часот до завршување на интервенцијата, вода ќе немаат корисници на ул. „Мирослав Крлежа“ и дел од улиците „Орце Николов“ и „Дебарца“ во општина Центар.
Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Цветан Димов“ крстосница со „Кемал Ататурк“, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Цветан Димов“, „Ордан Чопела“, „Панче Неделковски“ и „Кемал Ататурк“ во општина Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)