| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер ќе го обжали црвениот картон на Варди

dzejmi-vardi

Екипата на Лестер испратила жалба до дисциплинската комисија на Премиер лигата за црвениот картон кој го заработи Џејми Варди на последниот меч.

Лестер и Стоук минатото коло одиграа реми (2-2), а Варди беше исклучен во 28. минута поради груб прекршок над Маме Диуф. Стратегот на Стоук, Марк Хјуз изјави дека исклучувањето е заслужено, но со него не се сложува Раниери, кој истакна дека не се согласува со судиската одлука. Италијанецот беше гневен по натпреварот, па дури и се обиде да се пресмета со судиите.

Одлуката околу судбината на Варди ќе биде донесена во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top