Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезиер изјави дека нема сомнеж дека влетувањето со камионот на берлинскиот божиќен базар бил напад. Уапсеното лице е од Пакистан, но го нема во ниедна база на пописите за потенцијални терористи. Пронајден е и пиштолот со кој е убиен совозачот во камионската кабина.
-За сега се идентификувани само неколкумина од жртвите. Од 48-те повредени, 18 се во тешка состојба. Осомничениот за напад негира дека е вплеткан во него- изјави министерот.
И тој, како и канцеларката Меркел претходно, посочи дека нападот „не смее да го уништи животот и да се дозволи стравот да управува со животот“.
Во меѓувреме од германскиот центар за бегалци кај аеродромот потврдиле дека имало рација. Биле испитани четворица 20-годишници, но никој не бил приведен.
23-годишниот Мохамед Јанкан од кампот, го познавал осомничениот напаѓач, а за медиумите го опишува како „сосема обично момче“.
Од друга страна, осомничениот возач ја негира одговорноста во страшната трагедија, пренесуват германските медиуми повикувајќи се на безбедносни извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.