| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачка вест, Петра Квитова е нападната со нож во својот дом!

Wimbledon Championships

Двојната шампионка на Вимблдон, чешката тенисерка Петра Квитова, е нападната со нож во својот дом во обидот за грабеж.

Информацијата за ваквата немила случка ја пренесе портпаролот на тенисерката Карел Тејкал, кој изјави дека таа е повредена во левата рака и е надвор од животна опасност.

Според неговите информации, инцидентот се случил утринава во чешкиот град Простејов, и тоа при обид за грабеж. Квитова пред краток период се повлече од чешката репрезентација, која ќе настапи во Хопман купот, поради повреда на стапалото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top