| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел по нападот: Уште помачно е ако извршителот добил германски азил

Германската канцеларка Ангела Меркел, по обвинувањата од десно популистичката партија Алтернатива за Германија  дека таа лично има одговорност за вчерашниот напад заади политиката кон бегалците, изјави дека „ова е многу тежок ден“.

– Разочарана сум, шокирана и многу сум тажна поради тоа што се случи вчера во Берлин. Ова злосторство ќе биде разјаснето и најстрого казнето според законот. Не сакаме да живееме во страв од зло што ќе нè парализира – вели Меркел, во момент кога уште се претпоставуваше дека се работи за терористички напад. Најави дека ќе го посети местото на нападот.

-Нападот ќе биде уште помачен во случај извршителот да имал одобрен азил во Германија – додава Меркел, која утрината разговарала и со американскиот претседател Обама.

Во вчерашниот напад во Берлин загинаа 12 лица, 50 се повредени кога камион влета во метежот среде божикен базар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top