| четврток, 6 декември 2018 |

Нов видеоспот на Јордан Митев

Како што и најави, Јордан Митев деновиве го комплетираше и видеозаписот за темата „Кажи да моја најмила” и со тоа ја заокружи оваа за него мошне успешна календарска година.

Инаку, станува збор за видео снимено во црно-бела техника, за чија комплетна реализација и овој пат се погрижи Митев, кој патем е и комплетен автор на песната.

– Песната е со љубовна, свадбарска тематика и со самиот амбиент на истата се роди идеја кадрите за видеото да ги снимам во стариот дел на Охрид. Во видеото како статисти се појавуваат и дел од моите музички соработници – оркестарот „Фаворити“ и познатите браќа Нуне. И покрај ситуацијата со музиката мора да се работи, а квалитетот кога-тогаш ќе си го најде своето место – вели Митев, за кого оваа година во изминување ќе биде запишана како уште една доста успешна година бидејќи, како што вели, освен многубројните настапи во и надвор од Македонија се реализираа и неколку проекти кои ќе заземат значајно место во македонскиот фолк за 2016 година.

Со реализацијата на ова видео Митев годинава сними вкупно пет спота, од кои четири се за песни од се уште актуелниот албум “Моја кралице”.

– Со ова видео ја заокружувам оваа 2016 и во новата година со нови идеи и сили ќе почнам со работа на нови песни и нов албум – додава фолкерот, кој Новата 2017 ќе ја дочека работно во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top