Бундите од вештачко крзно и оваа есенско-зимска сезона го пронајдоа своето место во гардероберот на повеќето жени, но ги има и во колекциите на модните марки кои го обожаваат крзното.
Тие што ќе се решат за бунда, имаат на располагање одличен избор – кратки, долги, еднобојни, шарени, со дезени, со долги или кратки влакна.
Додека порано бундите што се изработуваа од вистинско животинско крзно беа поим за луксуз и се носеа за посебни пригоди, денес бундите од вештачки влакна се наменети за разни стилови на облекување – од оние лежерните, па до свечените.
Еднобојни бунди
Најголем број од жените се решаваат за еднобојни бунди, а освен класичните црни или кафени, ги има и со светла боја, крем или боја на пудра, како и други интересни земјени нијанси.
Шарени бунди
Тие се сѐ само не обични. Освен што постои комбинација на боја, постои и комбинација на должина на влакната. Весели се, впечатливи и најдобро се комбинираат со лежерни и со едноставни комбинации.
Бунди со дезен на леопард
Кога е во прашање имитација на животинско крзно, оваа сезона апсолутен хит се бундите со дезен на леопард.
Елеци
Бундите без ракави се одлична алтернатива за есенска или зимска јакна и може да се комбинираат со кошули, блузи. Многу се ефектни, топли и практични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.