| четврток, 6 декември 2018 |

Зи­ма­та не е сту­де­на со бун­да

Кра­тки, дол­ги, ед­но­бој­ни, ша­ре­ни, еле­гант­ни или ле­жер­ни, на вас оста­ну­ва из­бо­рот на бун­да за оваа зи­ма

Бун­ди­те од ве­штач­ко крз­но и оваа есен­ско-зим­ска се­зо­на го про­нај­доа сво­е­то ме­сто во гар­де­ро­бе­рот на по­ве­ќе­то же­ни, но ги има и во ко­лек­ци­и­те на мод­ни­те мар­ки кои го обо­жа­ва­ат крз­но­то.

Тие што ќе се ре­шат за бун­да, има­ат на рас­по­ла­га­ње од­ли­чен из­бор – кра­тки, дол­ги, ед­но­бој­ни, ша­ре­ни, со де­зе­ни, со дол­ги или кра­тки влак­на.

До­де­ка по­ра­но бун­ди­те што се изра­бо­ту­ваа од ви­стин­ско жи­во­тин­ско крз­но беа по­им за лу­ксуз и се но­сеа за по­себ­ни при­го­ди, де­нес бун­ди­те од ве­штач­ки влак­на се на­ме­не­ти за раз­ни сти­ло­ви на об­ле­ку­ва­ње  – од оние ле­жер­ни­те, па до све­че­ни­те.

go03165173

Ед­но­бој­ни бун­ди

Нај­го­лем број од же­ни­те се ре­ша­ва­ат за ед­но­бој­ни бун­ди, а освен кла­сич­ни­те цр­ни или ка­фе­ни, ги има и со свет­ла бо­ја, крем или бо­ја на пу­дра, ка­ко и дру­ги ин­те­рес­ни зем­је­ни ни­јан­си.

Ша­ре­ни бун­ди

Тие се сѐ са­мо не обич­ни. Освен што по­стои ком­би­на­ци­ја на бо­ја, по­стои и ком­би­на­ци­ја на дол­жи­на на влак­на­та. Ве­се­ли се, впе­чат­ли­ви и нај­до­бро се ком­би­ни­ра­ат со ле­жер­ни и со ед­но­став­ни ком­би­на­ции.

699-90-zara_web

Бун­ди со де­зен на ле­о­пард

Ко­га е во пра­ша­ње ими­та­ци­ја на жи­во­тин­ско крз­но, оваа се­зо­на ап­со­лу­тен хит се бун­ди­те со де­зен на ле­о­пард.

desktop9_840_472

Еле­ци

Бун­ди­те без ра­ка­ви се од­лич­на ал­тер­на­ти­ва за есен­ска или зим­ска јак­на и мо­же да се ком­би­ни­ра­ат со ко­шу­ли, блу­зи. Мно­гу се ефект­ни, топ­ли и пра­ктич­ни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top