| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Мора да дознаеме кој ја издал наредбата за убиство на нашиот амбасадор (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин во своето прво обраќање по убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов порача дека мора да се дознае нарачателот и потврди дека за тоа веќе зборувал со Ердоган.

– Ова убиство е провокација кое има за цел да ги потцени подобрувањето на односите и нормализација на Турско – Руските односи и исто така има за цел да ги потцени мировните процеси во Сирија промовирани од Русија, Турција, Иран и други земји заинтересирани за смирување на овој конфликт. Единствен одговор кој треба да го преземеме е да ја продолжиме борбата против теророт и криминалците да го почувствуваат ударот. Комитетот за истраги на Русија веќе започна истрага за убиството и формира работна група која ќе оди за Анкара да им се придружи на турските колеги. Ова го договоривме со турскиот претседател во телефонски разговор пред малку и мора да дознаеме кој го организирал убиството и кој дал наредба да биде извршено. Мора да го зголемиме обезбедувањето на руските дипломатски мисии и на турските во Русија. Мора да добиеме гаранции од Турција дека руските дипломатски мисии во Турција уживаат силна безбедност согласно конвенцијата за дипломатски односи, рече Путин.

Тој оддаде почит и за загинатиот амбасадор за кого побара да ги добие сите почести од државата.

– Сакам да упатам сочувство до семејство и пријателите на нашиот амбасадор. Сакам МНР да го награди Карлов посмртно и да предложи меморијал за него затоа што беше убиен при извршување на своите работни задачи. Тој беше брилијантен дипломат, почитуван во земјата во која беше именуван и беше во добри односи со властите во Турција и други политички групи во земјата. Тој беше почитуван од нив. Амбасадорот Карлов беше човек со многу добро срце. Го познавав лично и не го зборувам ова од муабети кои сум ги слушнал. На мојата последна посета на Турција тој ме придружуваше цело време, рече Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top