Лидерката на десничарскиот Национален фронт во Франција, Марин ле Пен (44), тешко се повредила кога паднала во празен базен, при што си ја скршила половината.
Веста за несреќата на една од најпознатите десничарски политичари во Европа привлече големо внимание во Франција, но и на целиот континент. Информацијата ја соопшти нејзиниот татко Жан Мари ле Пен, кој со децении ја водеше десницата.
– Марин би дошла да ве поздрави и да биде со вас, но не можеше затоа што тешко се повреди поради што не може да се движи. Падна во празен базен и ја скрши половината – рекол Ле Пен.
Во соопштението на партијата се вели дека Марин ја повредила крстната коска во долниот дел на половината, што претставува сериозна повреда од која може да остане неподвижна.
Ле Пен има голема поддршка во Франција благодарение на екстремистичките ставови за имиграните и за муслиманите. Според истражувањето на јавносто мислење во мај, таа имала поголема поддршка од актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и би го победила ако сега се одржат избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.