Се смета дека ова беше посебно смртоносна година за славните личности низ светот, но дали во 2016-та заминаа повеќе познати луѓе од вообичаено?
Дејвид Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикмен, Ненси Реган, Мухамед Али, Сер Џорџ Мартин, Викторија Вуд, Леонард Коен, За За Габор… за нивните обожаватели годината на заминување беше посебно тажна.
„Би-би-си“ во април истражуваше дали има нешто чудно во невообичаениот број смртни случаи на славни личности, како што многумина тврдеа на социјалните мрежи. Задачата била да се спореди периодот од ноември до март од 2012-та до 2016 година и да се види колку познати личности умреле или загинале.
Истражувањето открило голем скок, гледајќи ги само трите први месеци во годината.
Двојно повеќе познати луѓе умреле во тој период во 2016-та отколку во истиот период во 2015-та и пет пати повеќе отколку во 2012 година.
Сега, кога декември е при крај, се чини дека е вистинско време да се постави прашањето дали и остатокот од 2016 година бил толку опасен и фатален за славните личности. Истражувањето на „Би-би-си“ покажува дека не бил.
– Последните шест месеци оваа година било исто како и последните шест месеци претходните четири или пет години – рече уредникот на „Би-би-си“ Ник Серпел.
– Значи, не сме забележале дека тој тренд се протегал низ сите 12 месеци – додал тој.
Гледајќи ја целата 21016-та, умреле или загинале 30 отсто повеќе славни од 2015 година.
До 19 декември 2016 година животот го загубиле 43 познати личности, покажало истражувањето на „Би-би-си“, пренесе „Хина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.