Голем број на поддржувачи и граѓани, кои дадоа поддршка на СДСМ на овие избори, сe разочарани од Заев и od партијата, откако исплива на површина дека подdршката од албански структури била за редефинирање на државата. Раководството на СДСМ потврди дека 70 илјади гласови на Албанците му беа префрлени на СДСМ, заради понудата од Заев за редефинирање на државата, односно за продолжување на политичката криза. Својот револт и јавно откажување го споделуваат преку социјалните мрежи.
Дарко Костовски споделува лично искуство и разочарување од гласач што пристапил и му кажал дека бил излажан да гласа за СДСМ и откако му се потврдило дека вистинска е идејата на Заев за редефинирање на државата, никогаш повеќе нема да гласа за СДСМ.
–Тој е член на СДСМ а неговото семејство веројатно само симпатизери но сигурен сум дека се традиционални гласачи на СДСМ, од првиот миг кога се сретнавме денеска,почуствував дека сака нешто да ми каже ,како да му беше се спремено од дома,најпрво ми вели Даре што ке биде со ситуацијава, му велам дај Боже да биде на добро,добро за Македонија. Ми вели Даре јас гласав за СДСМ да не се лажеме ти знаеш, јас му одговорив многу брзо, правото на глас е едно од најсилните права на човекот од кога демократијата е начело во политичкиот систем,… Ми вели не не не,не ми беше целта тоа,Даре јас и моето семејство направивме голема грешка,овие неколку дена гледам што направив,каде го дадов мојот глас,за што? Јас сеуште го задржав нивото и велам па добро ти гласаш за СДСМ одамна,тој вели , не Даре не,сега знам дека овој глас не беше само за СДСМ овој глас беше за туѓи дворови,утре да има избори можеби нема да гласам за ДПМНЕ ама никогаш повеќе за овие,го гледам оној Зекири на Косовска телевизија што зборува ,помислувам каков пазар ли е направен за нашата Општина за Бутел според подршката која е неприродно ја доби СДСМ,и ми доаѓа да можам повторно да го вратам 11ти затоа што навистина не се чуствувам убаво. Му викам, Чичко .. и јас не се чуствувам убаво за тоа колкав дел од нашиот народ свесно подржа олабавување на државноста,на суверенитетот на Македонија,но убаво се чуствувам дека сепак поголемиот број на граѓани покажаа повисока свест,а најубаво се чуствувам во моментов,затоа што се надевам дека деновиве,месециве ке сретнам уште многу луѓе како тебе,со иста или слична ситуација.
Се испративме со мислата,да живее Македонија!…, пишува Костовски.
Ваквото разочарувањето на оние кои гласот го дале за СДСМ и Заев е се поприсутно на социјалните мрежи.
-На овие избори гласав со емоција а не воден од разум, гласав за СДСМ, и тоа ми е грешка. Зоран Заев ми покажа како е спремен да ја распродаде државата во соработка со криминални албански структури и странски амбасади. Албанците гласаа не поради убедување, туку поради дадена инструкција. Таа инструкција не е за унитарна Македонија, напиша Жикица Димитровски.
-Гласот за СДСМ на овие избори ми беше најголема грешка. 70 илјади Албанци гласаа за идејата на Заев за кантонизација во која не сакав да верувам. Но тие 70 илјади гласа да не се лажеме, се дадени за уништување на Македонија, напиша Русјана Миладиновска.
Дел од нив бараат е само одговорност од раководството, туку и се откажуваат од партијата. Симона Станоевска:
-СДСМ никогаш повеќе. Не за ова раководство!
Всушност антидржавното однесување на СДСМ продолжува и со постизборниот инжинеринг кој сака да го направи СДСМ и да ја фалсификува волјата на граѓаните преку опструкции во Државната изборна комисија ,за што признание дадоа и функционери и блиску луѓе на СДСМ.
Поранешниот претседател на ДИК од СДСМ Новаковски напиша дека ДИК е срам на државата.
-Дали овие членови на ДИК па посебно претседателот и потпретседателот имаат малку од малку свест, совест или се залутани… Јас знам дека се залутани но не мора цела јавност да ги знае. За ова целосна одговорност сносат политичките партии, а посебно некои невладини и некои амбасади. Затоа мора сега Заев и Груевски да влезат во ДИК, да ги опоменат. Ова е СРАМ. Нека се договараат и да не гледаме проситулоци. Апелирам до Заев и Груевски да си пуштат рака и да ги тргнат овие кловнови од сцена, наведува во својот пост поранешниот претседател на ДИК Александар Новакоски.
За изгубениот кредибилитет на ДИК, кој е узурпиран од страна на СДСМ и Заев говори и поранешниот член на ДИК од СДСМ Тања Алтанџиева која говори дека барањето на ДИК за вештачење потпис на гласач е правен преседан.
-Барањето на Државната изборна комисија за вештачење потпис на гласач е правен преседан. ДИК го загуби кредибилитетот пред очите на целата македонска јавност, вели Алтанџиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)