| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувано, Леонардо Бонучи ја продолжи верноста кон „старата дама“ уште пет години

leonardo-bonuci

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година, согласувајќи се на верност кон „старата дама“ и во наредните пет сезони. Неговиот потпис беше еден од приоритетите на раководството на клубот, а за новиот договор доби и зголемување на годишната плата.

Бонучи пристигна во Јувентус во 2010 година и оттогаш е незаменлив дел од тимот на „бјанконерите“, а досега има 291 настапи и 16 гола за составот од Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top