Најмоќните глобални медиуми ги пренесуваат постизборните случувања во Македонија по победата на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Една од највлијателните и најгледани американски телевизиски мрежи „Фокс Њуз“ објави текст во кој се вели дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите и дека постојат обиди со странско инволвирање да се оспори волјата на граганите.
Лидерот на македонската конзервативна коалиција која победи на изборите, обвини дека „странски медијатори, амбасадори и претставници на странски држави“ се мешаат во внатрешните работи на државата, стои во текстот на „Фокс њуз“.
– Никола Груевски, поранешниот премиер, се обрати пред седиштето на Државната изборна комисија во Скопје во саботата. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ја победи опозициската СДСМ, со тесна разлика, а опозицијата до ДИК поднесе приговори по однос на изборите, објави американската ТВ мрежа.
Груевски, нагласува „Фокс њуз“, рече дека странци влијаеле врз членови на комисијата и врз некои политички партии.
– Конзервативната партија очекува да формира влада со нивниот долгогодишен партнер, ДУИ, објави „Фокс њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.