Ракометарките на Франција стигнаа до бронзениот медал на Европското првенство во Шведска, откако во битката за третото место славеа против Данска со 25-22 (14-9).
Французинките беа подобар противник во текот на сите 60 минути, па сосема заслужено стигнаа до бронзата. Со предност се стекнаа уште во првото полувреме, која потоа рутински ја одржуваа, иако Данките во финишот на мечот се обидоа да се доближат, па на една минута пред крајот стигнаа и на негатива од само еден гол, 23-22, но немаа сила за стигнување барем до продолжение.
Во битката за златниот медал на шампионатот од 18 часот во Готенбург ќе се соочат Холандија и Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.