Ница максимално го искористи вчерашниот „кикс“ на ПСЖ, па лидерот на табелата со триумфот над Дижон од 2-1 сега има дури седум бодови предност во однос на актуелниот шампион. Најзаслужен за денешната победа беше Марио Балотели, кој со два гола ги донесе трите бода со кои Ница уште еднаш потврди дека е многу сериозен ривал во трката за титулата.
„Супер Марио“ првиот гол го постигна од пенал, а откако гостите израмнија исто така со удар од белата точка, Балотели го постигна победничкиот погодок на самиот почеток од второто полувреме. Гостите во текот на целиот меч се обидуваат да го испровоцираат екс-фудбалерот на Ливерпул и Милан, но не само што таквиот рецепт не им успеа, туку и токму поради тоа останаа со фудбалер помалку откако црвен картон доби Варол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)