| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска стои на патот на македонските ракометарки за место на Мундијалот

rakometarkite-kje-dobijat-tezhok-protivnik-vo-barazhot-za-sp

По вчерашната ждрепка за баражот за Светското првенство во Германија следната година, македонската женска ракометна репрезентација за противник ја доби селекцијата на Шведска. Домаќин на првиот натпревар ќе биде нашата земја, а возвратниот ќе се игра во Скандинавија. Шведска како организатор на ова Европско првенство можеше да ја бира групата, мина во втората фаза, но таму немаше шанси со селекции како Франција, Холандија и Германија кои завршија пред „сино-жолтите“ на табелата.

Првите мечеви се играат од 9 до 11 јуни, а возвратните од 13 до 15 јуни. Најдобрите 24 репрезентации ќе играат на Мундијалот, чија што завршница ќе се одржи во Хамбург. Светската титула од Хернинг минатата година ќе ја брани Норвешка.

Бараж за Светското првенство во Германија во 2017 година: 
Црна Гора – Белорусија
Италија – Србија
Русија – Полска
Унгарија – Словачка
Романија – Австрија
Украина – Шпанија
Хрватска – Словенија
Чешка – Турција
Македонија – Шведска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top