Ајфелова кула е железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции.
Структурата била изградена меѓу 1887 и 1889 за Meѓународната изложба, Светски Саем посветен на годишнината од Француската Револуција.
Како и повеќето архитектонски дела изградени за светскиот фестивал на изуми, Ајфеловата кула требало да биде времена структура поточно да се урне по 20 години. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена, структурата е висока 324 метри, што одговара на околу 81 спрат.
Таа се состои од три дела, првиот дел се наоѓа висина од 57 метри, вториот е на 115 метри, а треттот е на 276 метри.
По нејзината изградба дизајнерот Густав Ајфел си направил и стан на третото највисоко ниво на кулата. Ајфел го користел станот за важни гости, како Томас Едисон.
За нејзина изградба биле потребни две години, два месеци и пет дена и група од 300 работници.
Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи рѓосување. Повремено бојата се менува – моментално кулата е обоена во сива нијанса.
Секоја вечер кулата ја осветлуваат 20.000 светилки. Додека свети се вели дека кулата го носи својот “дијамантски фустан”.
До врвот на Ајфеловата кула има повеќе од 1600 скалила, но отворени се за качување само оние до вториот кат. За таа авантура треба да се плати цена од седум евра. Лифтот до вториот кат чини 11 евра, а до врвот 17 евра.
Во нејзината изградба се потрошени 18 илјади метални делови кои тежат повеќе од 10.000 тони. Во 1930, кулата ја изгубила титулата „највисока градба на светот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.