Многу млади девојки уште од детството фантазираат за денот кога ќе го облечат белиот фустан и ќе стават блескав дијамантски прстен на раката. Но статистиката покажуваат дека се повеќе жени го одложуваат бракот, дури и во некои случаеви и се откажуваат од него. Просечната возраст на која дамите тргнуваат кон олтарот е 30 години и продолжува да расте.
Во меѓувреме, бројот на свадби е најнизок во последниот век, покажуваат истражувањата. Според статистичките податоци, неколку причини го одложуваат бракот, меѓу нив се и кога жената ја одложува свадбата за најнапред да има успешна кариера, потоа штедењето пари, а трети, пак, го чекаат идеалниот партнер.
Во Велика Британија во 2008 година брак склучиле вкупно 232.900 парови. Сексот, заедничкиот соживот и децата се трите главни причини за заеднички живот.
-Жените во моментов се наоѓаат во продавница полна со можности – образование, кариера или патување. За младите девојки пронаоѓањето сопруг не е веќе приоритет- велат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Расте бројот на склучени бракови: Лани имало повеќе венчавки од разводи!