| четврток, 6 декември 2018 |

Дали треба да се загрижиме: Бројот на венчавки е најнизок во последниот век

vencavka

Многу млади девојки уште од детството фантазираат за денот кога ќе го облечат белиот фустан и ќе стават блескав дијамантски прстен на раката. Но статистиката покажуваат дека се повеќе жени го одложуваат бракот, дури и во некои случаеви и се откажуваат од него. Просечната возраст на која дамите тргнуваат кон олтарот е 30 години и продолжува да расте.

Во меѓувреме, бројот на свадби е најнизок во последниот век, покажуваат истражувањата. Според статистичките податоци, неколку причини го одложуваат бракот, меѓу нив се и кога жената ја одложува свадбата за најнапред да има успешна кариера, потоа штедењето пари, а трети, пак, го чекаат идеалниот партнер.

Во Велика Британија во 2008 година брак склучиле вкупно 232.900 парови. Сексот, заедничкиот соживот и децата се трите главни причини за заеднички живот.

-Жените во моментов се наоѓаат во продавница полна со можности – образование, кариера или патување. За младите девојки пронаоѓањето сопруг не е веќе приоритет- велат експертите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top