| четврток, 6 декември 2018 |

Тесна победа на Хјустон, синоќа славеа и Голден стејт и Кливленд (видео)

hjuston

Откако пред два дена славеа против Портланд, кошаркарите на Денвер синоќа во својот „Пепси центар“ го надиграа Њујорк победувајќи со 127-114 во НБА лигата.

Домашните одлични ги распореди поени, па седум играчи завршија со двоцифрен ефект. Најдобар беше Кенет Фарид со 25 поени, а го следеа Емануел Мадиај со 22 поени како и Вил Бартон со 17 поени. На висина на задачата беше и српскиот репрезентативец Никола Јокиќ со 10 поени, 9 скока и пет асистенции. Во поразениот состав на Њујорк најдобар беше Кармело Ентони со 29 поени.

Хјустон, пак, славеше по продолжение против Минесота со 109-111. Минесота на 26 секунди пред крајот на регуларните четири четвртини имаше шест поени предност (95-89), но Тревор Ариза постигна две тројки, втората на 6 секунди пред крајот, па мечот го однесе во продолжение.

А, во продолжението работата во свои раце ја презеде Џејмс Харден, кој на крајот мечот го заврши со 28 поени, 9 скока и 13 асистенции за десеттата едноподруго победа на Рокитси. На Минесота не и помогна ниту одличната партија на Карл-Ентони Таунас кој мечот го заврши со 41 поен, 15 скока и пет асистенции.

Индијана славеше против Детроит со 105-90, предводена од Пол Џорџ со 26 поени и седум скока, а Џеф Тиг дополни со 19 поени. Кај Детроит, Колдвел Поуп беше најефикасен со 20 поени, додека Реџи Џекџон постигна 19 поени, дополнети и со 10 асистенции.

На останатите дуели од вечерта Кливленд славеше против ЛА Лејкерс со 119-108, додека Голден стејт без поголеми проблеми го победи Портланд со 135-90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top