| четврток, 6 декември 2018 |

Натрапник го фотографирал Шумахер и сега бара еден милион евра

%d1%81%d1%83%d0%bc%d0%b8

Германското јавно обвинителство почна истрага против засега непознато лице кое нуди фотографија од болниот Михаел Шумахер.

Наводно, лицето успеало некако да го фотографира поранешниот светски првак во Формула 1 и сега фотографијата ја нуди на таблоидите за еден милион евра. Иако јавно не е објавена, на неа, наводно, се гледа како Шумахер лежи во болнички кревет, а фотографиран е од непосредна близина. Уште не се знае дали фотографијата е нова или датира од периодот по повредата од која наскоро ќе наврши и третата година.

-Здравствената состојба на Михаел не е јавна работа. Сакаме да ја почитуваме неговата приватност на што тој има право и тоа е се што сакам да кажам за овој случај- изјави менаџерката на Шумахер, Сабине Кем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top