Германското јавно обвинителство почна истрага против засега непознато лице кое нуди фотографија од болниот Михаел Шумахер.
Наводно, лицето успеало некако да го фотографира поранешниот светски првак во Формула 1 и сега фотографијата ја нуди на таблоидите за еден милион евра. Иако јавно не е објавена, на неа, наводно, се гледа како Шумахер лежи во болнички кревет, а фотографиран е од непосредна близина. Уште не се знае дали фотографијата е нова или датира од периодот по повредата од која наскоро ќе наврши и третата година.
-Здравствената состојба на Михаел не е јавна работа. Сакаме да ја почитуваме неговата приватност на што тој има право и тоа е се што сакам да кажам за овој случај- изјави менаџерката на Шумахер, Сабине Кем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?