Со четири гласа против и четири за прифаќање на приговорот одбиен е последниот приговор од СДСМ до ДИК за гласачкото место во Теарце. Членот на комисијата Субхи Јакупи, се иззема од гласањето.
За овој приговор на двапати во ДИК беа носени комисиите од ова избирачко место, беа отворани кутиите, препрочитувани извештаите. Од СДСМ посочуваа дека се работи за случај на ткн. Бугарски воз, бидејќи на почеток на гласањето при откинување на гласачкото ливче, тоа било откинато заедно со делот кој што треба да остане кај комисијата.
Иако од почетокот беше јасно дека нема ниту еден доказ кој би укажал на тоа дека приговорот треба да се прифати, сепак членовите на СДСМ во ДИК, Игор Милев и Вилета Дума, пред целата јавност покажаа дека влегуваат во сценарија по секоја цена. Членовите на општинскиот одбор од конкретното избирачко место, со факти и аргументи ги замолчија Милев и Дума, поради што во одредени моменти се доаѓаше до заклучок дека членовите на ОИК се поспособни од поданиците на Заев.
Со ова заврши седницата на ДИК, каде што беа поднесени приговори од СДСМ и од БЕСА. Прифатен е еден приговор од БЕСА заради што ДИК го поништи гласањето во едно избирачко место, заради што политичките партии имаат можност да ја оспорат одлуката пред Управниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот