| четврток, 6 декември 2018 |

Кловновите од ДИК продолжуваат со циркусот (видео)

Членовите на ДИК продолжува со уништување на демократијата и нарушување на најдемократски спроведените избори во Република Македонија, се со цел да се спроведе изборниот инженеринг во шестата Изборна Единица.

Веќе трет ден изминува како членови на ДИК продолжуваат со циркусот и се изживуваат со граѓани кои беа членови или набљудувачи на изборниот процес, особено на местата каде што СДСМ се обидува да го изврши превратот и злоупотребата на ДИК за непочитување на волјата на граѓаните.

Денеска, заради донесување одлука за последниот приговор поднесен од СДСМ, од ИМ во Теарце, пред ДИК се донесени сите десетина членови од двете смени на комисијата за избирачкото место 2011 во Теарце, кои сега повторно се поставени во улога како виновници кои треба да одговараат за злодело на суд. Една членка од комисијата, дури и посочи дека денеска има убав ден за прослава во своето потесно семејство, односно нова рожба, се родил внук во семејството, а таа треба да седи заради претворањето на седницата на ДИК во судница.

И денеска, како и за последниот приговор на Беса, претседателот на ДИК, Чичаковски, побара сослушување на претседателот и членовите на Избирачкиот одбор од Теарце, а Милев побара да дојдат и набљудувачите, што е надвор од правилникот на ДИК, со што само ќе се отвори втора епизода од срамното сценариот на ДИК, која работи по директива на СДСМ, да се жртвуваат изборачки одбори за да се реализира партиската агенда на СДСМ.


Вчера со мнозинска одлука на ДИК, се отвори можност иста ваква комисија за ИМ во Гостивар да биде осудена на затворска казна, бидејќи членовите на ДИК не ги земаа предвид нивните изјави, ниту пак нивното решение да спречат граѓанка чиј што прст покажувал боја под УВ ламба по втор пат да гласа.

Преседанот на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во Избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top