Манчестер Сити под водство на новиот менаџер, Пеп Гвардиола, не ги забележува очекуваните резултати, па така Шпанецот ја споредува својата ситуација со онаа на Сер Алекс Фергусон кога седна на менаџерското столче на Манчестер Јунајтед и помина неколку години без да забележи значителен успех. Исто така, Пеп признава дека Шкотот е негов идол.
– И на мојот идол Сер Алекс Фергусон му требаа 11 години за освојување на првата титула, Ливерпул не освои ниедна во последниве 25 години. Затоа и мене ми треба време. Се надевам дека ќе ми дадат повеќе време. Сите менаџери во Премиер лигата се соочуваат со овој проблем – вели Шпанецот.
Со овие зборови Гвардиола како да се надева на поголема поддршка од клубот со оглед на тоа што на Фергусон му требаа седум години за првиот трофеј, а не 11 како што изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.