| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова се врати на тениските терени, одигра ревијален меч во Порторико

marija-sarapova

Руската тенисерка Марија Шарапова, која е суспендирана од ВТА поради користење на недозволената супстанца „мелдониум“, по подолга пауза се врати на тенискиот терен за да одигра ревијален меч. Таа беше ривалка на олимписката победничка Моника Пуиг, која сакаше да се претстави пред својата публика во Сан Хуан, Порторико. Мечот го следеа 12.000 гледачи, а Пуиг победи со 6-3, 1-6, 10-6.

Судот за спортска арбитража во Лозана и ја намали казната на Марија Шарапова, па таа ќе има можност да се врати и официјално на тениските терени на 26.април 2017 година. Дотогаш, ќе може да игра само вакви неофицијални мечеви

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top