| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачка снимка: Најмалку 13 загинати во експлозијата на автобусот

Најмалку 13 лица загинаа, а над 48 се повредени утрово при експлозија на автобус во близина на Универзитетот во турскиот град Кајсери, соопштија западните медиуми.

Инцидентот се случил на автобуска постројка кога еден автомобил, наполнет со експлозив, експлодирал во момент кога автобусот минувал покрај него. Со автобусот патувале цивили и воени лица кои не биле на должност.

На местото на несреќата веднаш се упатиле возила на итна медицинска помош. Реонот е блокиран од полицијата и се спроведува истрага. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Овој инцидент се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top