| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со Бејли (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во седиштето на партијата имаше средба со амбасадорот на САД Џес Бејли.

По средбата амбасадорот Бејли не соопшти детали за средбата само  изјави дека САД останува партнер на Република Македонија и најави дека ќе оствари средби и со останатите лидери на политичките партии кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори.

„Имав средба со господинот Груевски. Ја ценам оваа можност да ги слушнам неговите ставови за изборите и за тоа што следува. САД е партнер на оваа земја. Ќе имам средби и со другите лидери на партиите кои освоија мандати на овие избори“, изјави американскиот амбасадор Бејли по средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top