| четврток, 6 декември 2018 |

Сајковски: ДИК непотребно и нелогично го пролонгира постизборниот процес (ВИДЕО)

Државната изборна комисија на еден неорганизиран начин го пролонгира постизборниот процес, што е непотребно и нелогично со оглед на тоа што изборниот ден помина на еден мирен и демократски начин и со голема излезност.

Влатко Сајковски, поранешен член на Државната изборна комисија во разговор за Телевизија Нова вели дека приговорите кои ги доставија СДСМ и БЕСА немаат докази и издржаност и многу долго време се разгледуваат со што ДИК се доведува во апсурдна ситуација.

-Од она што можеше секој во Македонија да го види пред малите екрани, е јасно дека приговорите доставени до ДИК се чисто математички приговори без некоја поткрепа во смисла на материјални докази и истите навистина е жално што толку долго се разгледуваат и се цени нивната материјална докажаност. Навистина сметам дека самиот орган се доведува до апсурдни ситуации, вели тој.

Тој порачува дека  треба поскоро да се стави крај на оваа процедура и да се врати довербата на оваа институција која е највисок изборен орган.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top