| четврток, 6 декември 2018 |

Се прават патеките: Со велосипед од Аеродром преку Центар и Карпош до Ѓорче Петров

velosipedska-640x425

Продолжуваат градежните активности во рамки на мега проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Деновиве екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на овој проект.

velosipedska1-640x425

Се врши асфалтирање на велопатеките по должината на улицата „Ѓорче Петров“, каде претходно беше извршена целосна реконструкција на коловозот на оваа улица.

Интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки од Рута 2 од „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.

velosipedska3-640x425

Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top