| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје и годинава ќе добие Новогодишен базар

Божиќниот базар „Подари Среќа” ќе ја врати магијата и традицијата на купување новогодишни подароци на улица „Македонија“

Од 24 декември  се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена, покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници, ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма.

За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на „Поточиња“ и на „Златно славејче“, многу детски игри, изведба на претставатана „Брашко“, дружба со Петко и настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни афтерворк забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи.

plakat-copy-01

Дел од програмата се настапите на Сара Мејс, „Кон тру дј“, „Бек дор бенд“, „Брас брадерс“, „Бета хаус бенд“, „Ај кју“, Дамјан Пејчиновски, „Тајфата“, „Скопски тамбураши„ и „Тумбао салса бенд“.

Улица „Македонија“ овие денови ќе има целосна Божикна атмосфера и преку сетовите на диџеите Бранчез, Дела, Боби и други.

Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна.

За повеќе информациии детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на „Фејсбук“.

„Подари Среќа” ќе биде место каде ќе можат да се купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божикно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада и многу други производи.

Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село. Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржии Дедомразовската трка на 25 декември со почеток во 12 часот.

Божиќниот базар „Подари среќа” започнува во сабота на 24 декември, со почеток во 10:00 часот и трае се до 31 декември, а е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top